Skip to main content

Поддржи го Види Вака за да продолжиме да им даваме глас на безгласните

Види Вика им дава смисла на информациите преку креирање фер, искрена и доверлива видео содржина за дигиталната генерација
by Тимот на Види Вака

So far 1 member supports Види Вака with 10 € per month

Види Вака е место каде невидливите стануваат видливи. 

Ние им даваме глас на безгласните, опфаќајќи теми поврзани со ранливите и маргинализирани заедници, загадениот воздух и животната средина и вистинските херои на македонското општество кои не се доволно застапени во традиционалните медиуми .

За нашата работа, освоивме три награди, Гласник на невидливите за 2018 и 2019

година, како и награда за најдобра новинарска сторија од сферата на општествено – социјалниот живот за документарниот филм „Собирачи“ од Советот за етика во медиумите на Македонија ( СЕММ). 

Нашите видеа имаат стотици илјади прегледи од гледачи од земјава, но и од странство. Овие гледачи ни дадоа доверба за ние да ги ги информираме, најмногу за нештата за кои другите медиуми не ги информираат.

Нашите читатели нè препознаваат како светла медиумска точка, критичари и информатори. Види Вака е просторот каде може да се чујат малите и често игнорирани приказни кои со себе носат големи идеи.

За да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница. Дајте им глас на безгласните поддржувајќи го Види Вака. 

Станете член на Види Вака за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочно да  испорачуваме информации на заедницата и ЗАЕДНО да обезбедиме секогаш да има слободен и независен глас посветен на информирање на дигиталната генерација на Македонија.

Да станете член што плаќа, значи да помогнете Види Вака да продолжи со својата

важна информативна улога допирајќи и до оние кои не можат да си дозволат членство во моментов. Сите млади, но и оние повозрасните во Македонија заслужуваат да бидат добро информирани за одлуките што влијаат врз нивните животи.