Skip to main content

Поддржи ја нашата заложба за промоција на домашното музичко творештво

ВБУ Музички регистар ја забележува домашната музика и прави обид да ја препознае квалитетната авторска музика за да ја акцентира.
by Тимот на ВБУ Музички регистар

Што е ВБУ Музички регистар?

Граѓанска иницијатива (Opens in a new window) за комплетно евидентирање и забележување на музичките изданија поврзани со Македонија, како и нивна промоција.

Помогни го развојот на сервисот

Сервисот (Opens in a new window) континуирано доживува подобрувања во различни сегменти. Тимот на Регистарот се обидува да испорача вистински вредности за сите оние што ја сакаат домашната музика.

Сервисот е помогнат од неговите пријатели на различен начин и во различна форма. Една од формите за помош е и преку финансиска донација (Вбризгај финансиска инекција во ВБУ Музички регистар).

Преку помош на ВБУ Музички регистар ја помагаш промоцијата на авторска музика од Македонија и оние што ја создаваат и интерпретираат.